ШоуБиз

Ништо од името преземено од цртаните на Disney :)

Познатиот холивудски пар доби трето дете. Дете, на кое сестрите сакале да му дадат име од некој цртан лик, а среќната мајка го донесе на свет во понеделникот.

Синот на Jennifer Garner и Ben Affleck сепак ќе се вика Samuel. За време на бременоста, парот изјави дека ќе им дозволи на двете ќерки да го изберат името за братчето, но набрзо се откажале од таа идеја бидејќи девојчињата сакале на синот да му дадат име на дизниев јунак.

Името го споделил на Фејсбук самиот Ben.

–          Среќни сме што можеме со вас да ја споделиме веста дека на 27-ми Февруари се роди нашиот здрав син по име Samuel Garner Affleck.

Напиши коментар