И покрај гласините дека на нивниот брак му се ближи крај, познатите актери и понатаму се заедно и среќни.
Нивната љубов не бледнее и затоа се најдобар пример за здрав и успешен холивудски пар. Откако по трет пат станаа родители, Jennifer Garner и Ben Affleck заедно го поминуваат секој слободен момент. Ben не е некој љубител на медиумите, па многу ретко може да се сретне во јавност, а токму тоа беше причината поради која започнаа гласините за можна криза во неговиот брак.
Откако стана татко на здраво машко дете, тој не ги трга рацете од својата сопруга. Среќниот пар е сликан како излегува од училиштето во кое оди нивната постара ќерка. Со насмевка на лицата, Jennifer и Ben уживале во заедничката прошетка.

