ШоуБиз

Ноле го стресе и Фејсбук! :)

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ и неговите фанови во вторникот вечер ја „раздрмале“ најпопуларната друштвена мрежа Фејсбук.

Новак објавил апликација за виртуелно сликање со него, но таа била набрзо повлечена бидејќи постоело опасност поради големата навала на заинтересирани да падне целиот сајт на Фејсбук. Апликацијата била вратена по неколку саати, веројатно кога бројот на фановите бил адекватно решен, па можело да се продолжи со виртуелното сликање и тоа во две варијанти – во средновековно опкружување и во модерно.

Дури 416 луѓе во секунда ја симнувале апликацијата, а на една минута имало околу 6000 корисници. За нецели 120 минути, со Ноле се сликале околу 600.000 луѓе.

–          Другари очигледно сме пресилни за Фејсбук. Ја имаме наголемата група навивачи. Направивме голема гужва па мораа да ја стопираат апликацијата. Очекувам дека наскоро ќе се врати, па ќе го направиме најголемиот фан албум на светот, – искоментирал Ноле на својот Фејсбук профил.

Напиши коментар