ШоуБиз

Ноле отиде по риба

Новак Џоковиќ уште еднаш покажа добра игра на Op во САД, а зад тенискиот терен Ноле ужива со своето семејство и девојката Јелена.

Тој им се обрати на своите фанови на Твитер со една фотографија на која тој лови риба и напишал: Сакам да ве поздравам сите. Подготовките течат и се е во најдобар ред. Јас ќе дадам се од себе и за сега сум задоволен од својата игра. Помеѓу тренинзите имам малку време, па дојдов тука покрај вода за да се релаксирам. А риболовот е навистина добар начин за релаксација, напишал Ноле.

Инаку Новак, не е посветен само на себе и на играта. Во Њујорк тој организира хуманитарна вечера  која е наменета со цел да им помогне на децата од Србија. Таа вечера би требало да се одржи на 12-ти септември.

 

 

Напиши коментар