ШоуБиз

Ноле си доби уште една восочна фигура

Новак Ѓоковиќ присуствувал на церемонијата на која во Музејот за восочни фигури во Јагодина, била откриена неговата восочна фигура. Фигурата е дело на белградскиот вајар Светомир Радовиќ.

Ѓоковиќ заедно со градоначалникот пречекал и поздравил повеќе од 6.000 луѓе, а поставувањето на фигурата било закажано во четвртокот, бидејќи Новак само тогаш можел да присуствува. Фигурата е облечена во облеката која Новак ја носеше на еден меч, а во раката го држи рекетот кој му беше оштетен.

Ѓоковиќ им порачува на сите млади да се занимаваат со спорт бидејќи тоа е најдобриот можен начин да се афирмираат во својата земја, но и надвор од нејзините граници.

Напиши коментар