Првиот тенисерски рекет на светот Новак Ѓоковиќ поминал еден цел ден на снимањето на продолжението на холивудскиот филмски хит „Expendables 2“ и тоа не како гостин, туку како актер, рамо до рамо со некои од светски познатите актери.
На една сцена, Ноле се пресметува со терористи и тоа само со рекет во рака. Судејќи според првичните реакции на луѓето на снимањето, во чија екипа се наоѓа и режисерот Sylvester Stallone, Ноле одлично си ја сработил задачата.
Оваа сцена од филмот била снимана во Бугарија, а Новак имал прилика да се дружи со главните актери во филмот – Jean-Claude Van Damm, Bruce Willis и Arnold Schwarzenegger.
Погледнете го видеото од снимањето:
