Sweet Home

Нов архитектонски тренд – успешно бегство од монотонијата

Различните пракси во  современата архитектура, при процесот на обнова, интерполација, вклопување во веќе постоечките структури и надоградбата, пристапуваат кон поинакви авторски методи…

Таквото сценарио резултира со неадекватна обнова и агресивни архитектонски реакции на објектите со нешто постара историја, често наидувајќи на бурни реакции од јавноста.

Таква задача, архитектонски одговор на изградбата над срушената зграда имаше лондонската фирма „ Хаворт  Томкинс “. Наспроти честите несогласувања кај слични проекти, проектот на овој архитект премногу одговара на дадената локација. Според околностите, овој проект реагира едноставно, можеби навидум агресивно, но неверојатно суптилно, храбро и современо, визуелно потполно се вклопува на опкружувањето, а истовремено создава и нова архитектонска икона.

Архитектите, вметнувајќи современа структура и материјали во рушевините од старата викторијанска зграда, воспоставија дијалог помеѓу две навидум неспоиви структури. Старите рушевини станаа база на вметнатата структура, троспратно изданије, архетипска форма со препознатлива надворешност – фасади облечени во кортен. Бојата на фасадата идеално се вклопува во тоновите на рушевините, умерено доминирајќи над по малку распаднатата куќа.

Како што самите архитекти објаснуваат, резултатот од нивниот проект е куќа која оддалеку изгледа како дух издигнат над оригиналната структура, а како што се приближувате кон неа, го доловувате реалниот ефект…

Напиши коментар