Да се избере соодветна, а воедно и оригинална фризура и не е такa едноставно. Но, фризурата може навистина многу да направи за целосниот изглед на една жена. Формата на косата и обликот на фризурата треба да бидат во сооднос со цртите и обликот на лицето, но и на висината и обемот на телото. Се разбира и приликата е важна за тоа каде излегуваме и на каква церемонија присуствуваме…
Ви нудиме некои идеи кои се најнов тренд, а благодарение на големиот избор во последно време, во оваа галерија на фотографии, може да се најде фризура за сечиј вкус но и за секоја линија.
Плетенките се едни од најпопуларните, кога станува збор за формални прилики но, стилистите измислија фризури кои се опуштени и делуваат casual, односно смирено, опуштен изглед кои изгледа прекрасно и елегантно. Се адаптираат на сите типови на коса.
Да се избере најдобрата фризура за вас е многу важно бидејки фризурата го дефинира изгледот на целокупниот аутфит и стил, така што обидете се да одберете некоја од овие фризури, за да заблескате во полн сјај. Овие фризури ќе ви помогнат да изгледате различно, а уникатно и во тренд, секогаш кога ќе посакате.