Убавина

Нов пролетен хит – кармин со боја на малина и калинка

Во палетите на многу брендови преовладуваат бојата на калинката, малината, кајсијата и портокалот. Овие кармини може да се најдат во најразлични текстури, а стручњаците особен акцент ставија на кремастите течни кармини, бидејќи лесно се нанесуваат.

Проѕирните и пастелни нијанси на усните повеќе не се актуелни, оваа пролет во тренд се кармини со интензивни и ведри нијанси, што особено ќе ги воодушеви дамите кои сакаат посилна шминка.

Кога бирате кармин прилагодете го на вашиот тен – за дамите со светол тен одговараат кармини со розева и црвенкаста нијанса, додека за оние со темен тен одговараат кармини со портокалови и виолетови тонови.

Хит за оваа пролет се „исенчени усни“, кои ќе ги добиете ако комбинирате различни тонови. Усните прво исцртајте ги со моливче, па нанесете кармин во силна боја. Потоа со прст благо натапкајте ги усните и ќе добиете навистина интересна нијанса.

Напиши коментар