ШоуБиз

Нова истрага за смртта на Вајнхаус?!

Патологот Сузан Гринвеј, која ја спроведувала истрагата околу смртта на Ејми Вајнхаус, поднела оставка откако нејзините квалификации биле доведени во прашање. Тие сомнежи би можеле да отворат нова истрага за смртта на пејачката.

Семејството Вајнхаус по дадената оставка напишале соопштение во кое бараат „правен совет“. Сузан во октомври, минатата година утврдила дека Ејми умрела од труење со алкохол. За нејзината оставка не се знаело ништо сè до вчера. Оставката ја поднела бидејќи пет години не била регистрирана како британски адвокат, а по закон тоа морала да го има направено.

Семејството Вајнхаус сеуште не одлучило каков чекор ќе превземат, но генерално веруваат во досегашните резултати од обдукцијата.

Напиши коментар