Narbara Palvin е една од најубавите модели на брендот Victoria Secret и токму таа е одбрана да биде претставничка на овие модели и да ни ја прикаже софистицираноста на најновата колекција на долна облека од овој бренд.
Колекцијата која се состои од неверојатно секси сетови прилично е разнвидна, со дезени во различни бои и во распон на нијанси од сина до топла црвена боја. Исто така се достапни и испринтани сетови на долна облека.
Градниците со различни стилови и гаќички , ноќници со пораб од чипка или целосно направени од неа.
Сите парчиња на оваа колекција се украсени со машни и колани, а и со нежен вез.
Нoвата колекција од Викторија Сикрет вклучува сетови на долна облека кои ќе бидат идеални за секојдневно користење а има и такви кои се користат само за заведување.











