ШоуБиз

Новак ве поздрави од Крф

Најдобриот тенисер од Србија, Новак Џоковиќ ужива со својата поубава половина Јелена Ристиќ на Крф, каде отпатуваа по завршетокот на Вимблдон.

Ноле се решил својот одмор да го помине на овој грчки остров, иако многумина очекуваа од него да одбере некоја елитна дестинација. Тој иако е на одмор сепак им излезе во пресрет на своите обожаватели и се сликаше со нив.

На својот профил на Твитер, Ноле ја објавил оваа фотографија под која напишал:  Чао на сите! Дали сте добри?Поздрав од Грција! Наскоро се враќам од одморот и ќе бидам многу поактивен.

Наскоро Ноле ќе го видиме на Олимписките игри во Лондон.

Напиши коментар