Мода

Новата црно – бела елеганција од MANGO

MANGO е дефинитивно еден од најдрагите high street брендови, на многубројните трендсетерки, кој за разумни цени нуди одличен дизајн и добар квалитет. Календарски, Пролетта набргу доаѓа и редно е да внесете новини во Вашите ормари, кои сепак ќе се вклопат со Вашиот стил.

MANGO оваа Пролет има решение за сите дами кои негуваат елегантен и софистициран изглед, оние кои го сакаат трендот, но сепак се држат до класиката и безвременските комбинации. Во новиот каталог на MANGO, доминираат црно бели комбинации, стилизирани на младешки начин, а кои преку класиката нудат навистина забележителни принтови кои совршено ќе се вклопат во останатите пролетни трендови.

Преку следниве фотографии, Ви прикажуваме дел од  најновиот каталог на MANGO за Пролет/Лето 2012 .

Напиши коментар