ШоуБиз

Новата љубов на Шарлиз Терон?!

Во животот на оскаровката Шарлиз Терон покрај нејзиниот посвоен син Џексон, постои уште еден маж!

37- годишната Шарлиз наводно е во љубов со колегата Ерик Стонстрит(41), кој се прослави со улогата хомосексулец Камерон Такер во хит комедијата ‘Modern Family’.

Шарлиз и Ерик се запознале пред неколку месеци во Лас Вегас, преку заеднички пријатели. Ѕвездат на серијата ‘Modern Family’ пред Шарлиз бил во долга врска со Кетрин Токарз, со која прекинал откако се запознал со згодната оскаровка од Јужна Африка.

“Одлично се согласуваат. Беа само пријатели, но пријателството прерасна во нешто повеќе”, тврди извор близок на новата холивудска двојка.

Напиши коментар