Sweet Home

Новата страна на удобноста…искажана преку удобни фотелји

Eволуцијата на дизајнот на фотелјите настанува паралелно со развојот на архитектурата и технологијата и се одржува според променливите потреби, во таа мера што може да се каже дека затвара едно цело поглавје од историјата на дизајнот.

На крајот на 20 век, фотелјата станува инспирација за уметниците и како таква претставува декларација за ставовите, идеите и вредностите на нивните творци. Фотелјата е реторика, а според некој и  облик на убедливост. Функцијата на денешните фотелји ја следи удобност, како најважна карактеристика, а значаен украс даваат материјалите и облиците од кои е создадена.

Денес, удобноста е нешто што се подразбира во секојдневниот аспект на човековото живеење, а развојот на материјалите и нивната обработка, како и развојот на технологијата, помагаат на човековата идеја да направи совршенство, кое неминовно станува нов бренд.

Напиши коментар