Она што на жените им се допаѓа може да биде одбивно за мажите. Затоа следете ги овие правила за секси нега, по која ќе бидете попривлечна за мажите. Па може и самите да заклучите, природниот изглед е попривлечен за мажите, на вас останува само негата и личната хигиена.
Бујна коса
Мажите сакаат жени со бујни и природни коси. Тие не сакаат кога им забранувате да ве допираат по косата. Затоа бидете природни. Навиткајте ја косата, дајте и волумен, намирисајте ја косата и заведувајте.
Влакненцата се аут
Депилација на раце, нозе, надусници, под пазуви… мажите се возбудуваат на мазна кожа. А за да биде ефектот поголем направете и некоја интимна фризура, на тоа паѓа секој маж.
Заборавете на вештачките нокти
Мажите се ужаснуваат од долги нокти. Доволно е само да внимавате да бидат чисти и негувани. За да ги возбудите не треба да ги гребете, туку да ги бакнувате нежно…
Истакнете ги очите
Истакнете ги очите со шминка. Не претерувајте со руменило, сјај за усни… тоа е нешто на кое мажите се ужаснуваат. Лепливиот вкус на сјајот, или трагите од пудра и руменило не постигнуваат никаков добар ефект.