Дерматолозите се едногласни дека е крајно време да разбереме дека нашата кожа не е само предмет за нега… таа не е само убав тен кој го прикажуваме на светот… Таа е најголемиот орган во човековото тело, со голем број на функции кои имаат огромно значење за здравјето на организмот.

Летото е време во кое кожата најмногу страда!!! Сите го сакаме летото но нашата кожа може да се каже дека го мрзи …

Малкумина го знаат фактот дека кожата во лето побрзо старее !!!… доколку не се негува правилно…!!!

Пред Вас се неколку правила кои ќе и помогнат на Вашата кожа и ќе ја заштитат од негативните ефекти на сончевите зраци.

Сенката е вистински непријател на кожата

УВЕ зраците го оштетуваат имунион систем на човекот повеќе отколку УВБ зраците и имаат големо влијание врз настанувањето на пигментираните флеки на кожата и алергии. Половина од нашата изложеност на УВЕ зраци се случува под сенка. Затоа е важно секогаш Вашата кожа да биде добро заштитена. Прозорските стакла во домот или автомобилот ги апсорбираат УВБ зраците но ги пропуштаат УВЕ зраците.

На секои 2 часа нанесувајте крема

Нанесете крема 30 минути пред да излезете на сонце и тоа во доволни количини. Се проценува дека за просечна возрасна личност потребно е околку 6 лажици крема за цело тело, отприлика 30 милилитри. Се под таа количина е недоволно за правилна заштита. Студиите покажаа дека скоро сите луѓе нанесуваат само ¼ од потребаната количина. Со крема мачкајте се на секои 2 до 3 часа.

Добијте добра боја

Направете пилинг на лицето и телото две недели пред одморот. Така ќе ги отстраните изумрените клетки , поради кои настануваат темни дамки. На вака припремената кожа, ќе  добиете поубава и порамномерна боја. Цело време одржувајте го нивото на влажност на лицето и телото. Пијте доволно течности и јадете свеж морков.

Не се „пржете“ на плажа

Дури и кремите со широк спектар на заштита не гарантираат целодневен престој под сонцето. Скратете го уживањето под сонце . Доволно е да се сончате од 8 до 10 наутро и од пет попладне додека не се стемни. Секако, се подразбираат шешир, очила за сонце  i облека која не е залепена за телото а покрива поголем дел од површината на телото.

Напиши коментар