Повторно уште една нежна колекција на венчаници во духот на пролетта, овојпат од францускиот бренд Novia d’Art.
За разлика од повеќето брендови кои промовираат колекции во еден стил, во најновата колекција на Novia d’Art ќе најдете по нешто за секого.
Колекцијата е составена од венчаници со раскошни здолништа, но и венчаници припиени до телото, долги, но и пократки венчаници, венчаници богато украсени, но и венчаници за оние со поедноставен вкус. Ваше е само да го изберете она кое ви се допаѓа.













