Скршеното срце на Ванеса Паради го лекува Лени Кравиц…
Во тек е разводот на 14 годишната љубов помеѓу Џони Деп и Ванеса Паради. Нејзините блиски пријатели изјавиле дека таа сега, а и пред разводот поминувала низ страшни моменти. Но, за среќа постои човекот кој сеуште успева да ја смени и да ја расположи за миг, а тоа е Лени Кравиц.
“Кога и да се слушне или види со него, таа за момент е порасположена, насмевката е веднаш на нејзиното лице”, изјавиле нејзините пријатели.
Ванеса и Лени се забавувале во 90-те, уште пред да ја започне врската со актерот Џони Деп. Иако романсата не им траела многу долго, тие сепак останале во контакт и во добри односи.
