ШоуБиз

Новиот парфем на Paris Hilton на лето!

Американската старлета Paris Hilton планира ова лето да го претстави својот нов парфем. Парфемот „Dazzle“ се рекламира како прв кој ќе ја прикаже „вистинската Paris“. Нејзиното „царство од парфеми“ од самиот почеток на бизнисот во 2004 година, па до денес се проценува на 1,5 милијарди долари.

Hilton планира оваа година да го објави и својот втор студиски албум, а синглот со наслов „After Midnight“ треба да биде промовиран во јуни.

Ѕвездата ја очекува и нејзиниот прв настан како диџеј. Таа изјави дека со музика се занимава од својата 15-та година.

–          Музиката е нешто кон што чувствувам страст и почит. Многу сум возбудена што својата досегашна работа ќе ја споделам со остатокот од светот, – бил нејзиниот коментар.

Напиши коментар