Motherhood

Новите бракови имаат само 50% шанси за да успеат

Бракот има само 50% шанси да успее, според новата статистика на браковите и разводите во последниве десетина години.

Веројатноста бракот да заврши со развод е околу 40-50%. Се смета дека останатите 50% од паровите имаат шанси да живеат среќно и заедно до крајот на својот живот. Се разбира има и семејства кои едноставно само функционираат заедно без никакви емоции.

Психолозите имаат различни начини со кои одредуваат колку ќе биде бракот успешен. Например има парови кои живеат долго време заедно, се интересираат еден за друг, имаат исти социјални контакти и не кријат ништо помеѓу нив. Но има и такви кои макар и во законски брак, живеат разделени. Таквите мажи и жени не сакаат да се заедно, но едноставно немаат желба или услови за да се разведат. Реално тие живеат заедно, но нивните патишта сосема се разделени. Најчесто причина за ваквите бракови без емоции е финансискиот аспект и проблемите околу поделба на имотот и се она што е стекнато во брак.

Според статистиката иницијатор на разводот најчесто е жената. Мажите дури и да не се среќни во бракот се обидуваат на разни начини да ја средат ситуацијата.

Можеби изгледа лошо да си разведен, но тоа е многу подобро отколку да делиш еден кров со некого, со кого немате никаква емоционална врска.

Напиши коментар