Здраво тело

Ново откритие!!! Со „патувачка“ таблета – до побрзи дијагнози ?!?

Благодарение на пронајдокот на италијанските стручњаци, многу тешко болни пациенти во скоро време нема да мора да  подлежат на дијагностицирање со инванзивни методи, како што е ендоскопијата. Италијанските научници, открија таблета која се голта и ја снима состојбата во организмот.

Таблетата содржи мини камера а во телото патува со помош на „ нозе“ со налик на пајак, низ дигестивниот тракт, снимајќи сé што не е вообичаено. По извршената задача, таблетата се исфрла по природен пат, а научниците го анализираат насобраниот материјал.

Новиот дијагностички метод со кој таблетата „ патува“ низ организмот претставува далеку покомфорен начин на снимање на состојбата на организмот кај заболените лица, особено оние кои поради непријатности ја избегнуваат ендоскопијата. Што се однесува до нејзината практична примена, ќе мора да помине повеќе време, бидејќи е тестирана во лабораториски услови, а за да дојде до примена кај луѓето, ќе мора да помине и други испитувања.

Напиши коментар