На ѕвездите деновиве дефинитивно им е потребен поправен испит по мода – шарено, вулгарно и досадно е заедничкиот назив за нивните модни комбинации за дочекот на Новата година. Rihanna, Kim Kardashian, Fergie i Lady Gaga се надминаа самите себе со овие лоши изданија.
Kim Kardashian како и обично, добро се има стегнато за да ги изрази бујната предница и уште побујните колкови. Иако никој нема против таквата бујност, секако ни се здосади нејзиното постојано форсирање на тесните фустани, вештачките трепки и уста натопена со сјај.

Fergie i Lady Gaga блескаа „како да ќе нема утре“. Fergie целата се покрила со златен сјај и полускапоцени камења, додека Gaga на дочекот во New York блескаше во комплетот од златни монисти, со црвени усни и црвено лакираните долги нокти на рацете. Да се надеваме дека Новата година ќе им биде исто така блескава како и нивниот outfit.

Rihanna пак Новата година ја дочека на приватна забава кај P.Diddy во Мајами, облечена во црн фустан од тантела кој ги покажува нејзините гради и задолжително, пирсот на брадавицата. Rihanna, иако е прекрасна, навистина замара со своите сексуални провокации. Со лошата фризура и невкусниот избор на чевли, прекрасниот фустан е ставен во втор план.

