Мојата кујна

Нугат торта

Вкусна чоколадна торта, со многу лешник и ореви. За сите оние кои сакаат благо кое е „навистина благо“ !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

12 јајца

12 лажици мелени ореви

2 лажици презла

200 грама бело чоколадо

200 грама црно чоколадо

100 грама чоколадо за готвење

250 грама маргарин

5 лажици шеќер во прав

200 грама мелени лешници

2 Х 250 милилитри слатка павлака

Јагоди или вишни ( овошје по желба )

Шеќер

Кисела павлака

Масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кори:

Изматете 6 белки, 6 лажици шеќер, 6 лажици ореви и една лажица презла. Направете 2 вакви кори.

Фил:

12 жолчки и 10 лажици шеќер, сварете ги на пареа, додадете 200 грама бело чоколадо. Кога малку ќе се олади во кремот додадете го веќе изматениот маргарин со 5 лажици шеќер во прав и 200 грама мелени лешници.

Глазура:

Истопете 200 грама црно чоколадо, 100 грама црно чоколадо за готвење, 1 лажица масло за јадење и лажица кисела павлака.

Редете;

1 кора – фил- 250 милилитри слатка павлака – вишни – 250 милилитри слатка павлака – 2 кора – фил – глазура.

Уживајте!!!

Напиши коментар