← НАЗАД НА БОЗА

Нутела мафини

Нутела мафини
1531 Читања

За оние кои имаат слабост кон чоколадото!!!

ПОТРЕБНО Е:

1 бајат леб (или 2 бајати кроасани)

1 јајце

2 жолчки

50 гр шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

300 мл слатка павлака (хопла)

Нутела крем

ПОДГОТОВКА:

Лебот или кроасаните исечете ги на парчиња со околу 2,5 см должина. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Калапите за мафини намачкајте ги со путер или маргарин, убаво и од сите страни. Во поголем сад изматете ги јајцето, жолчките и шеќерот. Додадете ги хоплата и ванилата и се убаво измешајте. На крај, ставете ги кроасаните или лебот, во зависност од тоа што ќе користите. Измешајте. Ставете 1 до две лажици од смесата во калапите за мафини, ставете 1 голема лажица нутела, па покријте пак со 1 до 2 лажици од смесата.Од горе ставете 1 лажиче нутела. Ставете да се пече во загреаната рерна 30 до 40 минути, додека да поруменат.

Пред да навалите на нив, почекајте да се оладат, убаво 🙂

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk