Здраво тело

Nutella е штетна за здравјето !!! ???

Американката Атена Хохенберг од Сан Диего, го доби спорот против компанијата Ferrero, која ја тужела минатата година поради „ шокантните сознанија дека Nutella не е здрава…

Всушност, Атена ја тужела компанијата поради лажното рекламирање, во кое се тврди дека Nutella е здрав појадок, иако само неколку лажички содржат повеќе од 200 калории, 11 грама масти и 21 грам шеќери.

Случајот е завршен со надоместок од 3 милиони долари, од кои 2 милиони долари ќе бидат поделени помеѓу потрошувачите кои купувале Nutella во периодот помеѓу Јануари 2008 и Февруари 2012 година.

Од тегла, потрошувачите можат да добијат само по 4 долари, но моралната придобивка е поголема. Компанијата е обврзана да го промени изгледот, податоците кои се „ вртат “ по рекламите, да сними нова телевизиска реклама и да ја промени својата интернет страница…

Напиши коментар