Со години Бијонсе и Џеј Зи беа мистериозни околу својот приватен живот. Дури не сакаа да потврдат дека се во врска.
Но, изгледа дека раѓањето на малата Блу Ајви го сврте новото поглавје во нивните животи. ‘Со тоа’ Бијонсе на социјалната мрежа Tumblr објавила фотографии од приватниот живот.
Нејзините обожаватели можат да ја видат како ја храни малата Ајви, сопругот додека ја лула во дворот од куќата, но и како позира со пријателките пред својот приватен авион.
На овие фотографии пејачката е без шминка, во опуштено издание во кое немаме прилика често да ја гледаме.















