man fashion

Облечете се според возраста

Во дваесетите

Млади сте, за вас не важат строгите правила. Најважно е да бидете прикладно облечени каде и да одите. Тренерките не се облека за на факултет или за на разговор за работа. Експериментирајте со облеката, сега е вистинското време да си го пронајдете стилот. Најчесто мажите на оваа возраст го одбираат кежуал стилот. Ако треба да одите на интервју за работа најдобро е да ги одберете сивата или темно сината боја, без премногу модни додатоци или било какви украси.

Во триесетите

Ова се годините кога веќе би требало да имате изградено сопствен стил. Фармерките, кошулите, памучните маички во комбинација со одело се одличен начин постепено да и се приближите на класиката. Доколку работата не го бара тоа од вас, може сеуште да уживате во спортско-елегантниот стил.

Во четериесетите

Тука веќе доаѓа до нагли промени во стилот. Некои мажи од кежуал стилот преминуваат во класика. Без разлика на стилот, сега и изборот на бои се менува. Во избор влегуваат смирени бои, без многу шаренила, дезени…. Каква и да ви е работата вие веќе сте се навикнале на класичните одела па веќе и ги имате во доволен број.

Напиши коментар