Мода

Облечете се во хипи стил

Мир, љубов и ѕвонарки, се само нешто, од се она кое е потребно за да се облечете во хипи фазонот. Можеби не сте живееле во 1960та год, но тоа не значи ддека не можете така и да се облечете . Доколку го сакате овој стил, пролетта е вистинското време да почнете да се облекувате како “ дете на цвеќето”. Погледнете неколку совети, за вашиот стил да стане совршен.

Пуштете ја косата.

Хипи стилот обично вклучува долга, природна, распуштена коса. Не е важно дали е рамна или виткана, важно е само да е долга и распуштена.

Ѕвонарки.

Доколку сакте да изгледате како “дете на среќата”,морате да имате барем едни ѕвонарки.

Носете природни материјали.

Она што ви е потребно, се и туниките кои се носат со ѕвонарките. Најдобра е облеката од природните материјали. Изберете различни туники, маички на прерамки, со додатоци или реси. Можете да носите и различни елечиња.

Трака за коса.

Носете, трака или марама на вашата коса. Тоа е совршен детал за хипи стил.

Знак на мирот

Украсете се себе си , со знакот на мирот, тоа е суштината на хипи стилот. И различен накит се совпаѓа со овој додаток, или нацртајте го на вашата торба, фармерки или маица.

Цвет во косата

Носете цвет во вашата коса, без разлика што не сте во Сан Франциско.

Природен изглед

Бидете склони на тотално хипи стилот, немојте да се шминкате. Пуштете да дојде до израз вашата природна убавина.

Долги сукњи и фустани

Носете долги сукњи и фустани, со различни дезени. Едноставниот стил е најдобар со лесните материјали.

Сандали или чизми

Облечете едноставни и удобни сандали во лето, а чизмите од антилоп со реси можат да го дополнат вашиот хипи стил.

 

 

Write A Comment