man fashion

Облечи се според годините!

Модерно и практично – да на тоа треба да се внимава но, тоа не е најважното. Треба да ги имате во предвид годините кога го одбирате стилот и кога ја купувате облеката. Важно е да бидете реални и искрени кон себе. Реално да го гледате своето тело, своите килограми, тенот и сè останато што е важно кога се одбира облека.

Овој пат ќе се посветиме на третата декада од животот, на оние триесет годишните. Доколку ја имате тројката како прва бројка од годините, не значи дека треба да сте секогаш во класично одело. Вашето тело е веќе оформено, па убаво му личи и некој кежуал стил кој нормално ќе ви прилега ако знаете да го носите.

Но, секако дека во плакарот треба да имате и по некое палто, панталони, вратоврска, актовка… и се она што треба да има еден маж. Доколку тоа не го бара од вас работата, сигурно ќе имате некоја свеченост, коктел забава каде треба да се појавите во поелегантно издание.

Внимавајте на боите при изборот на облеката. Сепак не е убаво кога еден маж ќе се појави во розова маица со детски апликации. Одбирајте светли тонови, но повторно ќе потенцираме имајте ги на ум вашите години, тенот на лицето, килограмите…

Напиши коментар