Мода

Облека во боја на виножитото

Оваа пролет најактуелни ќе бидат силните бои, односно боите на виножиното – жолта, портокалова, црвена, виолетова, сина и зелена. Кога се облекувате во овие бои треба да внимавате како ги комбинирате бидејќи премногу бои или прекмногу модни додатоци ќе направат да изгледате пренатрупано. Еве неколку совети за секоја од овие бои:

Портокалова: Една од најтоплите бои, полна со живот и опримизам. Со оглед дека е силна боја, треба да се внимава кога се комбинира со други силни бои. Одлично одговара со црвена и жолта, но најдобра комбинација е со кремасти и светло кафени тонови.

Жолта: Боја на оптимизмот, радоста и среќата, која одлично одговара со сива и црна боја.

Црвена: Топла боја, која добро одговара со зелената боја, но и со портокаловата и виолетовата, а најдобро со црната боја.

Виолетова: Боја на духовноста и мистиката, одлично одговара со жолта и сива боја.

Сина: Боја на смиреноста, љубовта и интелигенцијата. Одлично одговара со портокалова боја (бидејќи се комплементарни), а добро одговара и со виолетова и зелена.

Зелена: Боја на богатството, здрвјето, природата, најдобро одговара со жолта и сина, но само ако станува збор за природна зелена боја. Посилните зелени тонови комбинирајте ги со сива или бела боја.

 

Напиши коментар