ШоуБиз

Облините на Селма Хајек!

Познатата актерка Селма Хајек важи за една од најпосакуваните актерки на светот. На сите листи за најсексипилни жени се наоѓа и таа. Овој пат, уште еднаш ни докажа зошто е тоа така…

За време на доделувањето на наградите за најдобар шпански филм, Селма Хајек се појавила на црвениот тепих заедно со својот маж. Таа буквално сјаела во долгиот виолетов фустан, што сите присутни останале без коментар.

    

Фустанот го истакнала со скапоцен ѓердан. На Хајек не и треба кратко фустанче за да ја истакне својата убавина, таа просто зрачи и во ваква комбинација со отворено деколте.

Сопругот Франсоа Хенри Пино задоволно и заљубено гледал во својата сопруга за време на целата церемонија. Сигурно бил горд на својот животен избор.

 

Напиши коментар