Иако козметичките компании постојано ни нудат козметика со која може да се решиме од проблемите со сува, масна, чувствителна кожа или пак со брчките сепак можеби треба да ја погледнете и поефтината варијанта која може да биде и поефикасна од поскапата. Се што ви е потребно за здрава и убава кожа е едно шишенце бадемово масло.
Ова е најстариот начин на нега на кожата. Уште пред илјадници години нашите предци се негувале токму со ова масло. Со него ги лечеле кожните болести како што се псоријаза и егзема. Бадемовото масло содржи олеинска киселина која има моќ да ја ревитализира кожата, особено површинскиот слој.
Во индиската народна медицина, бадемовото масло се користи како аналгетик, а според неодамнешните истражувања на еден медицински магазин тоа ја помага и работата на цревата.
Се што треба да направите е да ја масирате кожата на лицето и телото со бадемово масло. Капнете неколку капки на рацете и истријте ги така што маслото ќе се стопли. Со кружни движења намачкајте ја кожата. Доколку ова стане навика ќе имате убава и здрава кожа за која стареењето ќе биде непознат процес.
