Убавина

Обојте ја косата на природен начин

Заборавете на разните хемикалии и фарби за коса, ви ги откриваме природните начини за фарбање на косата.

Лимон и камилица за посветла коса

Измешајте сок од лимон и силен чај од камилица. Со оваа течност измијте ја косата и излезете на сонце.

Ловоров лист за црвенокосите

Ако сакате да постигнете црвенскаст сјај на косата тогаш измијте ја со следнава течност: еден литар вода во која ќе ставите една рака ловоров лист и ќе ја оставите да врие 20 минути. По миењето посипете ја косата и оставете нека се исуши.

 

Совршена кафена коса може да постигнете со мешавина од половина шолја какао во прав и пола шолја јогурт. Во мешавината ставете и мед и една лажица јаболков оцет. Измијте ја косата, па нанесете ја смесата. Оставете нека делува 2 до 3 минути, па измијте ја повторно.

Напиши коментар