ШоуБиз

Обожавателка на Витни Хјустон си ја запалила куќата

Ненадејната смрт на Витни Хјустон ги потресе нејзините фанови. Некои од нив дури и завршија фатално.

Една од многуте обожавателки на дивата Витни Хјустон случајно си ја запалила куќата додека ја оплакувала починатата пејачка. Како што пренесуваат британските медиуми, Ана Ломакс ја запалила својата куќа со многуте свеќи кои ги запалила за да се помила за душата на Витни.

Тагувајќи Ана во солзи заспала, при што ги оставила свеќите да горат. Набрзо избил пожар кој многу брзо се раширил по целата куќа. Среќа таа навреме успеала да излезе од куќата заедно со своите три кучиња.

Напиши коментар