Мода

Очила за сонце во ретро стил од Mango

Имате сé за претстојнава сезона ? Во ек сте со последните модни трендови и уживате во квалитетни и модерни парчиња гардероба??? И покрај овие факти, задолжително упатете се кон продавниците на Mango за да ги одберете најатрактивните очила за сонце за оваа сезона, во ретро стил.

Прекрасната колекција на очила за сонце од Mango, содржи навистина уникатни модели со рамки во ретро и vintage стил, заоблени како и предимензионирани рамки, во авијатичарски стил, модели во облик на пеперутка и мачкасти стил.

Vintage моделите доаѓаат во силни бои како зелена, жолта и црвена, а љубителките на ретро стил можат да одберат рамки во црна или посветла боја.

Предимензионираните рамки даваат впечаток на гламур. Во моментите кога сакате да се чувствувате како ѕвезда, овие модели се идеални.

 

 

 

 

Напиши коментар