ШоуБиз

Од Алиса во вампирка!

Актерката Миа Вашиковска која ја играше Алиса во истоимениот филм снимен според детската бајка „Алиса во земјата на чудата“, во своето најново филмско остварување ќе си има работа со вампири.

Се работи за вампирската романса „Единствените живи љубовници“, а филмот ќе го режира Џим Џармуш. Приказната се одвива околу животите на два вампири чија љубовна приказна трае со векови. Поркај Миа, во филмот ќе играат и Џон Харт, Тилда Свинтон и Том Хидлстон.

Режисерот веќе има соработувано и со Харт и со Свинстон на криминалниот филм „Гранична контрола“.

Напиши коментар