Денес официјално ќе биде пуштена во продажба книгата на Кристофер Андерсен, Mick: The Wild Times and Mad Genius Mick Jagger”. Во оваа книга авторот открива многу тајни и пикантерии на познатиот Мик Џегер. Со тоа тој ќе обелодени многу тајни во кои се вклучени и многу други луѓе.
Во книгата ќе се опишат сите љубовни врски на Џегер, со мажи и повеќе од 4000 жени. Тука спаѓаат врските на Џегер со првата дама на Франција, Карла Бруни, секс скандалите со Дејвид Боуви со кого и живеел два месеци, скандалот кога жената на Боуви ги фатила во кревет, опседнатоста на Џегер со Анџелина Џоли, скандалите поврзани со консумација на дрога…
