Здраво тело

Од домашната апотека: мед и цимет како лек

Дали знаевте дека покрај тоа што  медот и циметот се добра комбинација во исхраната, тие можат да послужат и како лек? Медот и циметот можете да го користите за скоро сите врсти болести или ако имате проблеми со здравјето, па доколку сакате да се одлучите за овој начин на лечење прочитајте во продолжение за што се е добар медот и циметот.

Доколку имате проблем со запаление на зглобовите земете мед и ставете го во два дела со млака вода. Додадете мала лажичка цимет и направете смеса со која ќе го масирате болното место. Можете секое утро и секоја ноќ да земете еден филџан со млака вода со две лажички мед и една мала лажичка цимет и испијте го.

Доколку патите од губење на косата, припремете смеса од врело маслиново масло, една лажичка мед и една лажичка цимет, па пред да ја измиете косата истријте ја со оваа смеса. Потоа измијте ја како и обично, со вода и шампон.

Инфекциите на мочниот меур ќе ги решите доколку пиете две лажички цимет во прав и една  лажичка мед со млака вода.

Ако имате забоболка и веќе сите можни лекови сте ги пробале, направете смеса од една лажичка цимет и пет лажички мед. Оваа смеса ставете ја на забот кој ви прави проблем и повторете го истото три пати во денот.

Доколку имате покачен холестерол, земете две лажички мед и три лажички цимет и измешајте со 4,5дцл чај.

Ако сте болни земајте три пати дневно по една лажичка загреан мед и една лажичка цимет.

Медот и циметот исто така може да ви ги решат проблемите со нервозата и болките во стомакот.

Ако имате проблем со срцето направете смеса од мед и цимети намачкајте на леб, во замена на друг сладок намаз.

Редовно консумирајте комбинација на мед и цимет и никогаш повеќе нема да мора да се грижите за својот имунолошки систем.

Проблемите со варењето ќе ги решите ако пред јадење земете две лажички мед во кој сте истуриле малку цимет.

Ако сте една од оние личности кои има проблеми со акни, направете смеса од три лажички мед и една лажичка цимет. Смесата ставете ја на акните пред спиење и наутро исплакнете со млака вода.

Медот и циметот се добра комбинација доколку сакате да ги симнете вишокот на килограми. Секое утро пола саат пред доручекот  навечер пред легнување на празен желудник земете две лажички мед и една лажичка цимет сварен во еден филџан вода.

Луѓето кои боледуваат од рак би требало три пати дневно да внесуваат лажичка мед со една лажичка цимет.

Доколку имате проблеми со лошиот здив исплакнете го грлото со комбинација на една лажичка мед и цимет кој претходно сте го помашале со млака вода.

Напиши коментар