Една маркетиншка агенција направила листа на познати личности кои ѝ се „најдосадни“ на јавноста.
Според „E Poll“, прва на листата е американската старлета Kim Kardashian и таа буквално никнува секаде каде што не сте ја посеале. Според скоро 65% од анкетираните, Kim е личност на која ѝ се дава најмногу простор во медиумите, а таа тоа со ништо не го заслужила.
На второ место се наоѓа актерката Lindsey Lohan, а на трето е ѕвездата од реалното шоу „Jersey Shore“, Nikole Snooki Polizzi.
Понатаму на листата се нашла мајката на осморка која неодамна почна интензивно да се појавува по медиумите, па следуваат старлетата Paris Hilton и Kate Gosselin од реалното шоу „Kate Plus 8“.
Дали и вам ви е преку глава од овие познати личности?
