Sweet Home

Од кошаркарско игралиште – до неверојатен дом

Уште првиот YMCA во САД, доби целосна промена на својот изглед. Всушност, кошаркарската сала со површина од 700 метри квадратни, беше ре-дизајнирана во луксузен стан, кој вклучува 5 соби. Финалниот резултат претставува минималистички и живописно уреден дом, кој сепак има задржано од кошаркарските елементи ( самиот под од салата, кој се наоѓа во спалната соба и подвижниот плакар, едноставна бања со обрабени, мали бели плочки и огромна кујна во која можат да се нахранат два кошаркарски тима.

Дизајнерите на овој апартман работеа на повеќе работи, од архитектура до декор. Се применуваат и нови градежни техники техники, а во склоп на внатрешноста се наоѓа и градина. Интересно е колку работите се менуваат, а сепак го имаат истиот дух. Луѓето кои живеат во овој дом сигурно не случајно избрале цел живот да го посветат на кошаркарската магија.

Напиши коментар