Art & Crafts

Од обично шише до убава летна вазна

Дури и ако не сте вешти со рацете овој „направи сам“ проект секој може да го изведе.

Прекрасна летна вазна која ќе даде свежина на вашата маса е лесна и едноставна за правење, само треба да го имате соодветниот материјал.

Шише во што понеобична форма, толку подобро. Обиечн клопче коноп, уште два вида на дебели конци или тенки врвци по избор, ножици и лепак, тоа е се што ви треба да започнете.

Едноставно нанесете мал слој лепак на шишете и почнете да ги мотате конците по желба, најубаво е да почнете од врвот од грлото на шишето па надоле. Кога ќе сакате да ставите другра боја конец, едноставно го сечете едниот и продолжувате со другиот.

На крајот резултатот е прекрасна вазна за вашето омилено свежо цвеќе.

 

 

Напиши коментар