ШоуБиз

Од секси Kim боли глава :)

Американската старлета Kim Kardashian сѐ подлабоко загазува во професионалните води. Овој пат, таа го лансираше својот нов парфем „True Reflection“, а на неговата промоција во Лондон, старлетата била во придружба на својот дечко Kanye West.

Како и секогаш, Kim изгледа фантастично со косата собрана во коњско опавче и црвен чипкест фустан, со кој максимално ја потенцира фигурата.

–          Аромата на парфемот потсетува на надминување на работите и ве охрабрува да бидете тоа што сте навистина, – биле зборовите на Kim, откако се појавија гласини дека мирисот можеби е инспириран од распаднатиот брак на старлетата и Chris Humphries.

Напиши коментар