Здраво тело

Од сладоледот боли глава… !!!

Ви се случило ли да Ве заболи глава а да не ја знаете причината и да си речете па ништо не направив криво… јадев сладолед, прошетав низ паркот …???

Кога непцата во устата се во допир со ладно, доаѓа до намалување на волуменот на многу важен крвен сад кој снабдува со крв многу важен дел од мозокот. Во тој момент мозокот наредува нагло повлекување на доток на крв, што е всушност и причината за главоболка.

Сигурно не сте единствени што во текот на врелите летни денови најчесто се освежувате со вкусен сладолед. Доколку сте се потрудиле да забележите дека понекогаш за момент додека се сладите со сладоледот сте почувствувале краткотрајна силна болка во пределот на главата.

Најновото истражување на група американски научници го истражувала овој феномен со желба да ја објасни болката која на многумина им го крши „филмот“ додека се насладуваат со омилениот сладолед.

Тие открија дека, ледениот сладолед или коцките лед, во допир со непцето, нагло ја смалува предната церебрална артерија, артеријата која е многу битна во процесот на обезбедување крв во мозокот. Во тој момент мозокот се брани со тоа што емитува брзи и билни сигнали до крвниот саф тој повторно да го врати својот првобитен волумен.

Научниците овој процес го нарекуваат одбранбен механизам на мозокот, кој прилично е осетлив на ладно, па се труди да го зголеми протокот на топла крв. Меѓутоа, бидејќи черепот е затворен, наглото зголемување на крв во мозокот може да придонесе за главоболка која трае и по неколку часа.

Ова не значи дека е опасно да уживате во разладувањето кое го нуди сладоледот… но бидете примерни и не го гризете сладоледот, бидејќи малку поголемо парче може да Ви го уништи задоволството.

Напиши коментар