Art & Crafts

Од старата ноќна лампа направете уникатна декорација

Првата варијанта што ви ја нудиме е декорација со ракопис. Може да биде текст од омилена песна, љубовно писмо…се што ќе ви падне на памет. Ракописните букви создаваат атмосфера на персонализирање на просторот и топлина.

Да ја украсите лампата со копчиња е накратко генијално. Какви копчиња ќе употребите и како ќе ги распоредите зависи од вашата фантазија но во секој случај тоа ќе биде супер модерен арт декорација за домот.

Можете да залепите и плетиво, нешто слично како на сликата подолу, со што ќе добиете ретро акцент во просторот.

Обложете ја лампата со платно што може да биде најразлично – со принтови, со цветни мотиви, со апстрактни форми и сл. Наместо платно можете да користите и парче украсна тапета за ѕидови.

Само со неколку парчиња хамер и малку инспирација ќе имате романтична лампа која може да биде еднобојна или не и украсена со различни форми направени од хартија. Например ружички.  Погледнете како тоа изгледа:

 

Напиши коментар