ШоуБиз

Од жал ѝ подарила автомобил!

Една самохрана мајка по име Џеки ја раскажала својата тажна приказна во шоуто на Елен ДеЖенерес и тоа звучело вака.

–          Бев болна и лежев во кревет. Кога станав да ја земам чашата со вода, го видов дечкото кого го љубев, како се бакнува со друга во нашата дневна соба.

Елен била длабоко трогната од приказната на мајката и одлучила да ѝ подари автомобил Субару Имперза и повеќе од илјада долари. Од среќа, Џеки почнала да скока низ студиото заедно со својата ќерка.

Облеката за во шоуто ѝ ја купиле пријателите, а автомобилот кој некогаш го имала бил буквално распаднат на делови и постојано ѝ заглавувал и ја оставал на сред улица.

Напиши коментар