Мода

Ода на луксузот !!! Неодолива чанта и крзнен капут…

Emma Hill очигледно нема ништо против крзното, нејзината идеја за британското име Mulberry е ода на луксузот кој извира од секој крзнен капут, блескавите коктел фустани и неодоливите чанти кои последниве години станаа светски бестселер. Името Mulberry веќе неколку сезони се одликува со разиграност, која е присутна и овој пат.

Сé е толку тренди, хит и забавно ! – е девизата која очигледно успева, особено во контекст на вечната инспирација, британската провинција и животот во буржоазијата. Но овој пат, девојката од село, се пресели во градот и притоа добро се забавуваше; место очекуваните маички и здолништа, преовладуваат моќни крзнени капути, панталоните се повисоки, а фустаните пократки и попровокативни.

Исцртаните кошници на градите, употребата на чипка и жешки бои, создаваат впечаток на енергија која недостасуваше. Племенските модели на капути и играта на принтови ја зголемија трендовската вредност на колекцијата која веќе не се наоѓа во сенка на модните додатоци, поконкретно, чантите кои се продаваат во енормни количини.

Напиши коментар