Многу често се случува да не знаеме каков подарок да купиме за некое дете. Каква играчка, облека му треба во одредената годишна возраст. Ние ќе ви дадеме неколку предлози и се надеваме дека ќе ви се најдат кога ќе ви бидат најпотребни.

Подароци за деца до 18 месеци

Играчката не смее да биде мала, ниту пак составена од мали делови. Така постои можност детето да проголта некое парче. Играчките треба да имаат заоблени краеви, за да не се повреди бебето кое нормално сеуште не е свесно за последиците кога со играчката поминува покрај лицето. Најдобро е тоа да бидат подарци како што се: плишани играчки, гумени играчки, меки топки, и нормално музички играчки. Формите и звуцте бебињата ги учат токму во овој период од 3 па до 18 месеци. Затоа преку игра дозволете му да го научи сето тоа.

Подароци за деца до 3 години

Овие подароци треба да бидат креативни и да ги поттикнат децата на создавање. Тоа можат да бидат сликовници, лего коцки, камиончиња, кукли, играчки на повлекување…

Подароци за деца од 3 до 6 години

Ова е периодот кој е многу важен за оформување на детето. Дозволете му керативно да се изразува, да создава. Купете им минијатурни фарми, кујнски прибор, пластелини, боички, интерактивни игри, приказни и филмови на двд, нормално и на странски јазик. Тоа е периодот кога тие зборовите ги впиваат и многу лесно учат. А нема ништо полесно од учење на странски јазик преку игра и цртани.

Подароци за дева од 6 до 9 години

Во овој преиод децата најмногу сакаат друштвени игри. Може да им купите кош за кошарка, ролерки, рекети, тркачка стаза за автомобили, мали кујни, мали детски компјутери…

Подароци за деца од 9 до 12 години

Во зависност од склоноста на детето може да одберете подарок со кој ќе ќе му покажете дека не е дете. Тогаш заборавете на играчките. Друштвените игри доаѓаат во предвид, како и подароци кои се поврзани со хобито на детето.

Напиши коментар