Убавина

Одберете очила за сонце, совршени за Вашето лице…

При изборот на очила за сонце, најважно е да водите сметка за обликот на лицето и да се одлучите за оние кои Ви ги истакнуваат позитивностите. Бирајте облици кои одговараат на самиот облик на лицето…

Доколку имате долгнавесто лице, можете да си дозволите речиси секаков облик. Доколку имате округло лице, изберете подолги и тенки оквири, еднакво или малку пошироки од најширокиот дел од лицето. Округли или коцкасти рамки се препорачуваат за лицата со долгнавесто лице, а добро би било и да бидат со интензивна боја, бидејќи така ќе се добие ширина на лицето. Идеален облик за оние кои имаат широко чело и тесна брада се мачкастите рамки, бидејќи ќе ги омекнат контурите на долниот дел од лицето.

Според тенот, луѓето со поблед тен би требало да бираат очила со потенки и лесни рамки, а најдобро би им стоеле рамки со светло виолетова, сива и беж боја. Треба да избегнуваат рамки со потемни бои, но и бои како сината и зелената, бидејќи ќе изгледаат побледи.

Луѓето пак  со потемен тен, најдобро би изгледале со сребрени, златни, односно впечатливи бои на рамки, но би требало да избегнуваат црни рамки, за да не изгледаат еднолично.

Според косата, на брановидната најмногу и прилегаат заоблени рамки во светли бои, а на витканата, класични, со помал оквир. На кратката коса најдобро и прилегаат остри, нагласени и округли рамки во интензивни бои, а оние со долга коса очилата треба да ги пробаат и со пуштена и со врзана коса.

Напиши коментар