Убавина

Одберете шешир според обликот на Вашето лице

Еден од најважните детали за ова лето е шеширот. Без разлика дали шеширот го носите како моден додаток, или како заштита од сонцето, тој совршено ќе се вклопи во вашиот летен моден изглед.

Шеширот е идеален моден додаток во лето, кој има практична и естетска димензија. Секоја девојка може да изгледа феноменално доколку избере и носи шешир кој и одговара на нејзиниот облик на лице. Правилно избраниот шешир совршено ќе се вклопи во вашиот летен моден изглед.

Овално лице

Доколку имате овално лице Вас ќе Ви прилегаат скоро сите видови на шешир. Единствен тип на шешир кој треба да го избегнувате е кружниот шешир на кој стреата странично е под Вашите јагодици ( таа треба да биде или во линија со јагодиците или над нив )

Кружен облик на лице

Се советува да изберете широк шешир ( каубојски стил ). Жените кои имаат ваков облик на лице треба да ги избегнуваат шеширите со ниска круна.

Облик срце (триаголна форма)

Триаголното лице има нагласена острина на долната вилица и затоа најдобро му прилега шешир со висока круна и асиметрична стреа.

Квадратен облик на лицето

Одберете шешир со неправилен облик ( стреата нека биде брановидна, асиметрична) и шешир со кружен облик и висока круна.

Напиши коментар